Миленковски: Задоволни сме како се развива Младост

Таеквондо клубот „Младост“, викендот го очекува настап на силниот турнир „Рамус опен“ во Скопје. Првиот тренер, Стефан Миленковски, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека очекува добар настап во јуниорските конкуренции.

– Станува збор за силен турнир со голема конкуренција, и пред се’, атрактивни мечеви. Младост ќе има тројца учесници, од кои Христијан Симоновски има реални шанси да дојде до завршницата.

Нашиот клуб постои шест години и досега има забележано значајни резултати, како на домашната, така и на меѓународната сцена. Мислам дека таеквондото полека напредува и дека бројката на натпреварувачи се зголемува, посебно по освоениот сребрен медал на Дејан Георгиевски на ЛОИ 2020, изјави Миленковски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО