28-годишниот фудбалер на Реал Мадрид Дани Себаљос минатото лето одби неколку понуди, бидејќи имаше желба да се докаже во екипата на Карло Анчелоти, но сега веќе размислува да ја промени средината.
Во оваа сезона добива малку време на теренот, а Милан ја гледа оваа ситуација како можност за да го ангажира како квалитетен играч за средниот ред.
За слобода на Себаљос, Реал бара 15 милиони евра, сума која „росонерите“ се подготвени да ја платат.