Милан во офанзива. Сака уште двајца српски и еден француски играч

Милан ги договори личните услови околу трансферите на тројца играчи и сега е во процес на преговори со нивните клубови околу реализацијата. Гигантот кој веќе ги ангажира Алваро Мората и десниот бек Алекс Хименез, продолжува да ја пополнува и засилува конкуренцијата на другите позиции во тимот.

Тројца играчи чии пристигнувања се очекуваат летово се српските репрезентативци Страхиња Павловиќ и Лазар Самарџиќ, и францускиот репрезентативец, Јусуф Фофана.

Според италијанските медиуми, Павловиќ од Салцбург и Фофана од Монако веќе ги договориле личните услови со италијанскиот клуб, а слична е ситуацијата и со Самарџиќ од Удинезе. Во случаите со Павловиќ и Фофана, Милан се надева дека тие трансфери ќе го чинат околу 18 милиони евра.

За Самарџиќ ќе стартуваат со понуда од 15 милиони евра што се очекува Удинезе да ја одбие, бидејќи веќе ги одби 25-те милиони кои му беа понудени за поранешниот германски (до 21 година) и актуелен српски репрезентативец.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО