Трите најголеми клубови во италијанскиот фудбал – Милан, Јувентус и Интер – имале заеднички состанок на кој се разговарало за поведување иницијатива за намалување на бројот на тимови во Серија А од почетокот на сезоната 2025-2026.
„Тутоспорт“ пренесува дека во понеделникот раководствата на Интер, Јуве и Милан се сретнале во седиштето на „нероаѕурите“ во Милано. На овој состанок се донесени заклучоци за потребата да се намали бројот на прволигаши од 20 на 18 од почетокот на сезоната 2025-2026.
По состанокот идејата им била претставена на останатите клубови и добила различни ставови. За предлогот да биде прифатен потребни се 14 гласа. Во рок од една недела Италијанската фудбалска федерација ќе го претстави проектот за реформа на италијанскиот фудбал, по што ќе се гласа за да се донесе одлука и по ова прашање