Милан и Аталанта ремизираа, Наполи го освои бодовите против Лече

Аталанта синоќа ремизираше 1:1 со Милан во 9. коло од италијанското фудбалско првенство. Натпреварот се одигра на стадионот „Атлети Аѕури д’Италија“ во Бергамо.

Во 4. минута, Самуеле Ричи им донесе водство на „Росонерите“. Домаќините израмнија кон крајот на првото полувреме, со гол на Адемола Лукман.

Наполи со голот на Замбо Ангиса во 69. минута забележа победа (1:0) на гости со Лече. Во 55. минута, домашниот напаѓач Франческо Камарда промаши пенал.

Милан има 18 бода од девет натпревари и е трет на табелата. Аталанта е седма со 13 бода. Наполи има 21 бод и останува на врвот на табелата. Лече има шест бода и е на 16. место.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО