Михајлов донесе во Вардар уште еден фудбалер од својот екс клуб Силекс

Како што е познато Горазд Михајлов зимава реши да го напушти Силекс и да ја презеде клупата на Вардар.

Вчера во клубот пристигна 23 годишниот голман Методија Велковски токму од Силекс, а денес уште еден фудбалер од Кратово замина во правец на Скопје.

-Марјан Ристовски е нов фудбалер на ФК Вардар. 27 годишниот крилен играч, доаѓа од екипата на Силекс, со која постигнавме обострано прифатлив договор.Во досегашната кариера има настапувано и за екипите на Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.

Во ПМФЛ има забележано 106 настапи на кои има постигнато 17 голови и 18 асистенции. Добредојде во црвено црното семејство Марјан, порачаа од Вардар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО