Металург се засили со шестмина нови ракометари

Во обид да избори пласман во ракометната елита следната година, екипата на скопски Металург донесе шест нови засилувања пред стартот на пролетната плеј-оф полуетапа што ќе стартува на 10 март.

Како што објавија од клубот, нови имиња во Металург се Димитар Ристовски и Филип Фидановски кои доаѓаат од РК Скопје, и Драган Стефков од РК Голден Арт. Од суперлигашот РК Вардар Неготино во Металург доаѓа Христијан Крстаноски, а од РК Текстилец се приклучува Марјан Сарасов.

По кратка пауза, повратник во ракометот и нов член на РК Металург е Пане Арсов, кој веќе неколку месеци тренира со екипата. Претходно тој беше член на РК Тиквеш Кавадарци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО