Хоџсон останува во болница, нема да го води тимот против Евертон

Менаџерот на Кристал палас, Рој Хоџсон е во стабилна состојба во болница, каде што беше пренесен вчера откако му се слоши за време на тимскиот тренинг.

Хоџсон (76) ќе биде подложен на различни тестови откако вчера се почувствувал лошо и сериозно ги вознемирил играчите и луѓето во клубот.

Тој нема да биде на клупата на клучниот натпревар, во понеделник против Евертон, а во Англија веќе се убедени дека неговиот последен натпревар на чело на лондончани веќе помина.

Во последниве денови по лошите резултати на Палас, се зголемија гласините за заминувањето на Хоџсон, што најверојатно ќе се случи наскоро. Како негова замена се спомнува поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Оливер Гласнер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО