Меси заработува најмногу во Америка: 20,4 милиони долари годишно

Лионел Меси, фудбалската легенда од Аргентина и член на Интер Мајами, е најплатениот играч во МЛС (MLSPA). Според податоците на Асоцијацијата на играчи во лигата, неговата гарантирана годишна заработка изнесува 20.446.667 американски долари, што ја поставува највисоката плата во целата лига.

Од оваа сума, 12 милиони долари претставуваат основна плата, а остатокот е составен од маркетинг‑бонуси и агентски надоместоци. Интересно е дека оваа заработка е поголема од платните листи на 21 друга екипа во МЛС , што јасно покажува колкаво влијание има Меси врз лигата.

Ангажманот на Меси не е само фудбалски успех за Интер Мајами, туку и голема маркетиншка инвестиција. Присуството на светски ѕвезди од ваков калибар ја зголемува вредноста на клубот и ја подобрува конкурентноста на целата лига.

Со ваквите бројки, Меси не само што доминира на теренот, туку и на финансиски план, станувајќи најважен играч во историјата наМЛС.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО