Меси за младата ѕвезда на Барса: Тој е сегашноста и светлата иднина на клубот

Лионел Меси повеќе години не е во Барселона, но засекогаш ќе биде поврзан со каталонскиот клуб. За многумина, најдобриот играч на сите времиња во Барса пристигна во 2000, дебитираше во 2004-та, а пред да замине во 2021 година, одигра 778 натпревари, даде 672 гола и забележа 303 асистенции.

Тој е рекордер во многу категории, со најмногу освоени трофеи, 34.

По две години во ПСЖ, а потоа и една во Интер Мајами, Меси сè уште добива многу прашања поврзани со Барселона во интервјуата. Едно од нив, на неодамнешното гостување додека ги извршуваше спонзорските обврски, беше за иднината на каталонскиот клуб.

„Би сакал Барселона повторно да ја освои Ла лига, Купот на кралот и Лигата на шампиони. Во години кога тоа не е можно, би сакал барем да се борат до крај“, рече Меси, а одговори и на прашање за играчот кој често се споредува со него.

„Барселона има многу добра генерација од млади играчи. Имаат многу години пред себе. Многумина го потенцираат Ламин Јамал, исто и јас. Се разбира, многу зависи од него, но јас би рекол дека тој е сегашноста, но светлата иднина на клубот“.

Јамал (17) минатата година стана професионалец и во новопочната кариера веќе ја има титулата европски првак со Шпанија и државен првак со Барселона. За клубот одигра 71 натпревар, даде 13 гола и имаше 21 асистенција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО