Фудбалерите на Аргентина со победата против Канада со 2 спрема 0 ја започнаа одбраната на титулата на Купот на Америка. На турнирот кој се игра во САД, „гаучосите“ беа апсолутно подобар противник и на крајот се израдуваа на првите три бода. Нивната прва ѕвезда, Лео Меси, вели дека очекувале тежок меч.
– Во првиот дел немавме простор за игра. За среќа, успеавме да постигнеме гол веднаш по паузата. Потоа моравем да одиграме крајно внимателно – беа дел од зборовите на Меси.