Екипата на Воска од Охрид подготовките за пролетниот дел од ПМФЛ ќе ги започне утре, а на првиот собир се очекуваат неколку нови имиња.
Како што дознава „Спортклуб.мк“ нови засилувања на клубот би можео да бидат бразилецот Андре Менсалао и Марио Врдољак, две добро познати имиња.
Бразилецот Менсалао е поранешен играч на Шкендија, а последно играше во Ерменија за тимот на Вест Ерменија. Станува збор за искусен 32-годишен играч за врска.
Хрватот Врдољак доколку продолжи во Воска ќе значи дека нема да ја напушти Македонија со оглед на тоа што до сега играше за Брера Струмица.