Мендилибар го повтори успехот на Бенитез

Стратегот на Олимпијакос, Хозе Луис Мендилибар, стана вториот во историјата кој освоил два европски пехара со два различни клуба во две последователни сезони. 63-годишниот тренер во 2022-ра победи во Лига Европа со Севилја а вчера со грчкиот тим ја освои Конференциската лига.

Шпанецот со тоа го повтори достигнувањето на неговиот сонародник Рафаел Бенитез, кој во 2004 година на чело на Валенсија го освои Купот на УЕФА а една година подоцна со екипата на Ливерпул го подигна пехарот во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО