Медиум од Хрватска: Шема по која полуфиналето би било реалност за репрезентацијата (ФОТО)

На Хрватска не и се посложија коцките на ова ЕП, среќата едноставно овој пат не ги посака. Тие имаа победа во раце против Италија на секунди до крајот, но ништо од тоа.

Избраниците на Далиќ го завршија настапот на ЕП, како една од двете најлоши третопласирани екипи во групата, а поради тоа останаа без пласман на кој сметаа во нокаут фазата.

Ова е прв пат од кога ЕП се игра во овој формат, Хрватска да не ја помине групата. Хрватска до последната минута имаше пласман понатаму во рацете, но потоа Матија Закањи ги замолкна хрватските навивачи.

Интересно е што еден од медиумите во Хрватска, направи анализиа доколку Хрватска поминеше, што би се случувало.

– Хрватска да го сочуваше водството против Италија уште неколку секунди, ќе ја минеше и нокаут фазата, со тоа што ќе ги избегнеше скоро сите фаворити (Португалија, Германија, Франција и Шпанија, затоа што ќе беше втора.

Хрватска во таква ситуација ќе играше против Швајцарија, а потоа со победникот од мечот Англија – Холандија, кои се сепак нешто полесни ривали од овие од другиот дел на жрепката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО