Килиан Мбапе го предводеше Реал Мадрид до убедлива победа над Атлетик Билбао со 3-0 на гостински терен. Французинот постигна два гола и забележа асистенција, покажувајќи зошто е еден од најмоќните напаѓачи во светот.
Првиот гол дојде со спектакуларен продор низ средината на теренот, минувајќи покрај два бранители и постигнувајќи ефектен погодок. Вториот гол го реализира со прецизен удар од околу 20 метри, откако го изненади голманот на Атлетико Билбао. Помеѓу тие голови, Mбапе со глава асистираше до Едуардо Камавинга за 2-0.
Оваа победа е значајна за Реал Maдрид, кој ја прекина серијата од три нерешени меча во Ла Лига и сега се доближи на само еден бод до лидерската позиција. Настапот на Мбапе доби големи пофалби од медиумите и навивачите, кои ја нарекоа „магија“ на теренот.
Со овој триумф, Реал Mадрид го покажува својот потенцијал за борба за титулата, а Мбапе уште еднаш потврди дека е клучен фактор за успехот на тимот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: