Матип се надева на нов договор со Ливерпул

Дефанзивецот на Ливерпул, Жоел Матип се надева дека ќе добие понуда за нов договор од клубот. Него договорот му истекува на крајот од сезоната, но на клупското раководство му најавил дека сака да остане на „Енфилд“, пренесуваат англиските медиуми.

Матип (32) моментално е повреден и нема да игра до крајот на сезоната. Тоа не му оди во прилог, така што неговата иднина останува неизвесна, односно доста извесно е дека ќе дојде до разделба.

Менаџерот Јирген Клоп претходно изјави дека би сакал да го задржи Матип, но откако реши да си замине од „Енфилд“ летово, јасно е дека за трансфер политиката на клубот други ќе решаваат.

Матип дојде во Ливерпул од Шалке 04 како слободен играч во 2016 година и досега одигра 201 натпревар, постигна 11 гола и имаше асистенции.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО