Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со дефанзивците Начо Фернандез и Лукас Васкез, објави весникот „АС“.
Двајцата играчи по истекот на сегашните договори кои важат до крајот на сезонава ќе потпишат нови, до летото 2025 година. Се очекува 14-кратниот европски шампион наскоро да ги потврди тие договори.
Васкез (32) на 28 натпревари сезонава даде еден гол и имаше четири асистенции, а Фернандез (34) одигра 33 меча.
Познато е и дека играчот од средниот ред, Германецот, Тони Крос исто така ќе остане во шпанската престолнина најмалку уште една сезона.