Маскерано: Пеп направи големи промени во фудбалот

Прославениот фудбалер на Аргентина, Хавиер Маскерано, имаше само пофални зборови за тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

– Да, дојде до промена на ерата со Пеп. Неговото големо наследство не се титулите, туку промената што ја донесе во фудбалот – вели некогашниот член на Вест хем , Ливерпул и Барселона.

– Денес имаме сосема празлична визија од претходно. Дојдов во Европа во 2006 година, тогаш тимовите не беа организирани при одење во напад, се беше многу поприродно а се зависеше од креативноста на играчот. Денеска се организирани – изјави поранешниот репрезентативец на „гаучосите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО