Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартнез, ќе го пропушти полуфиналето против Олимпијакос, откако УЕФА реши да го суспендира.
Мартинез во реванш пресметката од четвртфиналето против Лил, доби жолт картон во 39. минута, а вториот жолт картон го заработи при изведувањето на пеналите, поради неспортско однесување кон навивачите на Лил.
Астон Вила по изведувањето на пеналите го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали и со тоа ја поттурка својата екипа кон полуфиналето.
Но аргентинскиот голман поради двата жолти картони не беше исклучен во завршната фаза од натпреварот, па затоа е суспендиран по натпреварот од УЕФА.
Тој сепак ќе го пропушти првиот полуфинален меч против Олимпијакос, кој се игра на 2. мај во Бирмингем, додека за реваншот во Пиреа, тој ќе биде достапен за тимот.