Шпанскиот возач Марк Маркез продолжи да доминира на спринт-трките и ја забележа шестата победа во шестото возење, откако заврши како прв на патеката во Ле Ман, во рамки на спринтот на трката за ГН на Франција.
Фабио Куартараро тргна како прв, но беше немоќен против браќата Марк и Алекс Маркез во спринт трката во Ле Ман, во која претставникот на домашниот тим, кој стартуваше од пол-позицијата, заврши четврти, а победата му припадна на Марк Маркез.
Четвртото место му припадна на Куартараро, а зад него во бодовите влегоа и Маверик Вињалес, Жоан Зарко, Фабио Ди Џанантонио, Алекс Ринс и Жоан Мир.
На два свиоци пред крајот, Педро Акоста беше петти, но падна во претпоследниот свиок, а потоа се врати во трката за да заврши на 19-то место.
Во генералниот пласман, по шестата победа во шест спринтови од почетокот на сезоната, Марк Маркез го врати првото место со предност од 151 бод и два бода предност пред својот брат Алекс. Трет со дефицит од 31 поен во однос на лидерот е Франческо Бањаја, кој денес не освои ниту еден поен откако падна на почетокот од вториот круг.