На Европското првенство во борење за пионери кое се одржува во Лутраки, Грција, нашиот млад борач Марио Ананиев успеа да се закити со бронзен медал.
14-годишниот Аниниев славеше во битката за бронзениот медал со технички туш над бугарскиот борач Валентин Минчев и постигна голем успех за македонското борење.
Претседателот на Боречката федерација, Дејан Богданов, вели дека медалот е уште позначаен ако се знае дека Марио скоро сите победи ги извојува со убедлив резултат и тоа против борачи од врвните боречки нации во Европа.