Манчестер сити пукна „петарда“ во мрежата на Лутон

Фудбалерите на Манчестер сити го запишаа 22 триумф во Премиер лигата откако на својот „Етихад“ со 5:1 го декласираше Лутон.

По првото полувреме водеа домаќините по автоголот на Хашиока во втората минута. Во 64 минута за 2:0 се погрижи Ковачиќ, а во 76 минута Халанд беше прецизен од пенал.
Гостите намалија во 81 минута преку Баркли, а во листата на стрелците кај домаќините се најдоа и Доку (87`) и Гвардиол (90+3`).

Во генералниот пласман „граѓаните“ предводени од менаџерот Пеп Гвардиола се на првото место со 73 бодови. Следуваат Арсенал и Ливерпул со по 71 кои своите мечеви од оваа рунда ќе ги имаат в недела. Лутон после 20 пораз сезонава е на 18 позиција со 25 бодови.

Се одиграа уште три натпревари: Брентфорд – Шефилд јунајтед 2:0, Барнли – Брајтон 1:1 и Нотингем форест – Вулверхемптон 2:2.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО