Манчестер Сити и Челси ризикуваат да бидат исфрлени од Премиер лигата

Манчестер Сити и Челси ризикуваат да бидат исфрлени од Премиер лигата доколку бидат прогласени за виновни за кршење на правилата за профит и одржливост на англиската фудбалска елита (ФФП).

Актуелните шампиони жестоко ги оспоруваат 115-те обвиненија поднесени од правните служби на Премиер лигата во февруари 2023 година. Се очекува независна комисија да започне со разгледување на случајот доцна наесен.

Против Челси минатото лето беше покрената истрага за финансиски злоупотреби извршени во ерата на Роман Абрамович, за плаќања на агенти од сметки кои не поминувале низ сметките на клубот.

Последните финансиски извештаи од „Стамфорд бриџ“ покажуваат дека 150 милиони фунти биле издвоени кога Тод Бели го купил клубот за да ги покрие потенцијалните правни трошоци.

На двата клуба им беше кажано дека можат да се соочат со најголемата санкција од Комисијата, која му одзеде четири бода од Нотингем форест неделава.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО