Манчестер јунајтед ќе размислува за продажба на Маркус Рашфорд доколку до канцелариите на клубот дојдат соодветни понуди за англискиот напаѓач.
Сепак, клубот од Премиер лигата нема да биде проактивен околу идејата за разделбата со англискиот фудбалер, кој има повеќе од четири години од договорот на „Олд Трафорд“.
Крајната желба на „црвените ѓаволи“ е да го задржат 26-годишниот играч и да соработуваат со него за да го вратат напаѓачот во неговите минатите најдобри денови.
Рашфорд повторно потпиша со неговиот роден клуб минатиот јули до летото 2028 година.
Тој оваа сезона одигра 40 натпревари за Јунајтед, постигна осум гола и беше асистент на пет погодоци, а во последните денови се дозна дека бил сериозно малтретиран од навивачите на клубот.– Ја ценам вашата поддршка, но навредите веќе траат со месеци. Доста е – напиша Рашфорд на социјалните мрежи.