Кимих: Против Реал најважно е добро да се браниме

Еден од најдобрите фудбалери на Баерн (М), Џошуа Кимих за утрешниот меч против Реал Мадрид вели дека ќе биде еден крајно необичен дуел.

– Тоа дефинитивно ќе биде необичен натпревар. Полуфиналето во Лигата на шампионите е секогаш посебно, особено против Реал Мадрид, бидејќи тие се огромен клуб. Сите кои го сакаат фудбалот сакаат да го гледаат полуфиналето помеѓу Баерн и Реал Мадрид. Немавме многу време да се подготвиме. Важно е добро да се браниме, но не смееме да се криеме, мора да бидеме храбри и да ја контролираме топката. Станува збор за рамнотежа помеѓу нападот и одбраната, помеѓу високата и ниската одбрана и секогаш да се има храброст за напад, смета Кимих, пред утрешниот прв полуфинален меч.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО