Манчестер јунајтед остана без двајца важни играчи пред дербито

Проблемите за Ерик Тен Хег во Манчестер јунајтед стануваат се посериозни. Холандскиот стручњак ќе биде без услугите на две свои ѕвезди во период од речиси еден месец. Станува збор за Лисандро Мартинез и за Виктор Линделоф.

Аргентинецот се врати од двомесечното отсуство поради проблемите со коленото, но од клубот соопштија дека тој повгторно се повредил, овојпат бутниот мускул и ќе биде недостапен за својот менаџер во најважниот период од сезоната.

Од „Олд Трафорд“ потврдија и дека Линделоф ќе биде надвор од терените најмалку до мај поради истегнувањето на мускулот на мечот против Брентфорд во неделата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО