Манчестер јунајтед реши дека Мароканецот, Софијан Амрабат не им е потребен за следната сезона, по што тој ќе мора да се врати во својот клуб, Фиорентина.
„Црвените ѓаволи“ решија да не го откупуваат договорот на Амрабат, иако беше вклучена таква опција во договорот за позајмица. Амрабат се враќа во Фиорентина, но нема да остане таму следната сезона.
Се зборува дека тој преку својот агент веќе бара нов клуб. Фиорентина сака да го продаде на трајна основа, па ги чека првите понуди.
Амрабат е интересен за други англиски клубови, но и за два турски гиганта, како Галатасарај и Фенербахче. И двата тима се заинтересирани за неговиот потпис, и наскоро се очекуваат првите преговори со „виолетовите“.