Манчестер Ј. освен што не го смени, ќе му понуди и нов договор на Тен Хаг?!

Освен што денеска и официјално потврди дека холандскиот стратег Ерик Тен Хаг и следната сезона ќе го води тимот, раководството на Манчестер јунајтед има намера да му понуди и нов договор на стратегот.

По сите критики за начинот на кој Манчестер Ј. изгледаше во минативе две сезони под водство на Тен Хаг, од клубот сметаат дека најдобра опција е да се продолжи соработката со стратегот.

„Телеграф“ пишува дека клубот водел прелиминарни преговори со тренерот, но страните се уште не ги договориле сите услови од новиот работен договор. Сепак, се очекува Тен Хаг да потпише нов двегодишен договор со Манчестер Јунајтед.

Актуелниот договор на Холанѓанецот е до летото 2025 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО