Американскиот кошаркар Малколм Бродгон објави дека ја завршува својата професионална кариера во НБА лигата. Искусниот бек, кој пред само еден месец потпиша едногодишен договор со Њујорк Никс, реши да се повлече поради здравствени причини и замор од долгогодишната натпреварувачка рутина.
Бродгон (32) зад себе има осум сезони во најсилната кошаркарска лига во светот, настапувајќи за Милвоки Бакс, Индијана Пејсерс, Бостон Селтикс и Портланд Трејл Блејзерс. Во 2017 година ја освои наградата „Rookie of the Year“, а во 2023 беше избран за Најдобар шести играч на НБА.
Во соопштението преку медиумите, Бродгон изјави дека е благодарен за сите години во лигата и дека планира да остане дел од кошарката во улога на советник и ментор за млади играчи.
Со оваа одлука, Бродгон става крај на успешна кариера во која остави белег како интелигентен и сигурен играч со високо кошаркарско IQ и професионализам.