Маленко: Спортот е поразен од спортско-бизнис групација предводена од Димевски!

Даниел Димевски барем засега останува претседател на МОК. Иницијаторите за негова смена на вечерашното Вонредно изборно Собрание на МОК не успеаја да обезбедат кворум. Беа присутни 28 федерации, им недостигаа три. Или поточно присуствуваа 27 од 61 делегати.

Откажаа тие кои имаат олимпијци на претстојните ОИ во Париз како и оние кои имаат шанси за вајлд карти.

Александар Маленко, еден од иницијаторите по сево ова имаше своја изјава:

“Ова значи дека спортот и искрените спортисти и спортски работници се поразени од криминална политичка и бизнис елита на чело со Даниел Димевски“ рече покрај другото нашиот прославен некогашен пливач.

По се ова Даниел Димевски во четврток на 8 февруари ќе си одржи свое Собрание на МОК.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО