Макс Верстапен доминираше во „Имола“ за ГН на Италија

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Емилија Ромања, која е седма трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.

Холанѓанецот стартуваше од пол-позицијата и доминираше во текот на целата трка за да дојде до третата победа на патеката во Имола и воедно петта победа сезонава. Ова беше негова 59 победа во кариерата.

Зад Верстапен во Имола се пласираа Ландо Норис со Мекларен, кој направи драма во финишот, за на крајот, сепак, за една секунда да остане зад Макс Верстапен на второто место. На подиумот место обезбеди и возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Холанѓанецот водеше од почетокoт до крај и не дозволи болидите на Мекларен да ја загрозат неговата позиција.

Од четвртото до десеттото место се најдоа Пјастри (Мекларен), Сајнц (Ферари), Хамилтон (Мерцедес), Расел (Мерцедес), Перез (Ред Бул), Строл (Астон Мартин) и Цунода (РБ).

Следната трка во Ф1 шампионатот се вози на 26 мај во Монако.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО