Кадетската машка ракометна репрезентација на Македонија запиша победа во првиот кваликациски натпревар за пласман на Европското првенство.
На денешниот натпревар оддигран со СС Автокоманда нашата кадетска селекција беше поуспешна од селекцијата на Словачка со минимален резултат од 27:26.
Утре во истиот термин (15:00 часот) со СС Автокоманда кадетите ќе го оддиграат вториот квалификациски натпревар, а за противник ја имаат селекцијата на Швајцарија.
Јован Петрески со 8 гола беше прво име во нашиот нациоанлен тим додека Дамјан Митев го следеше со 5, однодно Самоил Ристескис о 4 гола.