Македонската футсал репрезентациа денеска по ждрепката ги доби противниците во квалификациите за УЕФА футсал ЕУРО 2026. 40 репрезентации ќе се борат за пласман на ова натпреварувањето. Селекциите учесници во извлекувањето беа поделени во 10 групи со четири репрезентативни селекции.
Македонија се најде во групата 7 заедно со Португалија, Холандија и Андора. Квалификациските натпревари за футсал настанот на ЕП 2026 ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година. Летонија и Литванија како организатори на ЕП 2026 имаат обезбедено место автоматски, додека десетте победници на групите ќе се квалификуваат за овој настан, а осумте втори во групата ќе играат во плеј-оф.
На ЕП ќе учествуваат вкупно 16 репрезентации кои преку овие квалификации ќе обезбедат пласман. Квалификациските натпревари започнуваат на 9 декември 2024 година и завршуваат во април 2025 година. Европското првенство во футсал во Летонија и Литванија започнува на 18 јануари, а завршува на 8 февруари 2026 година.