Македонија во ТОП 16 на кадетското ЕП

Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и втората победа на ЕП 2026, откако денеска ја совлада селекцијата на Турција со 29:27.

Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот.

Нашата селекција ќе продолжи да се натпреварува за пласман од деветтото до 16 место на континенталниот шампионат што се одржува во Србија.

Воедно, со овој успех, кадетите го опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО