Денвер го подготвува најголемиот договор во историјата на НБА лигата

Никола Јокиќ наскоро може да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА.

Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари.

Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка.

Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, додека со петгодишниот договор би поставил нов рекорд.

Доколку не се договори со Нагетс, Јокиќ би можел да стане слободен агент и да потпише нов максимален договор, со што неговата вкупна заработка во кариерата би можела да достигне околу 724 милиони долари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО