Македонските ракометни репрезентатовци до 20 години не успеа да ја совлада Австрија во последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство. Нашите млади ракометари одиграа нерешено 20:20, што значи дека во групата А завршија на втората позиција, без пласман меѓу осумте најдобри на континенталниот собир.
Нашите репрезентативци ќе разигруваат за конечен пласман меѓу 9. и 16. место. Австрија подобро го започна првото полувреме и во неколку наврати имаше предност од два и три гола, но нашите ракометари не му дозволија на противникот да направи голема предност и во финишот од првиот дел дојдоа до израмнување (10:10), но на одмор се замина со предност на Австрија од 11:10.
Во вториот дел многу подобра игра на македонските ракометари. На стартот се играше „гол за гол“, но потоа успеавме и да го преземеме водството и во 43. минута имавме предност од (14:15). Се играше гол за гол и се менуваа во водсво двете репрезентации за во 57. минута резултатот да биде 19:19, а потоа и 20:20 на 1 минута пред крајот.
Двете селекции не ги искористија последните напади и на крајот натпреварот за жал на Македонија заврши со нерешен резултат 20:20. Најефикасен во нашата репрезентација беше Димитар Узунчев со осум гола, а одличен настап имаше и Ненад Белистојаноски со пет погодоци. Македонија сега ја чека настап за пласман од 9-16 место на ова ЕП.