Мајорка прв финалист во „кралскиот куп“

Играчот од средниот ред на Мајорка, Серхи Дардер го постигна одлучувачкиот гол од белата точка на вториот полуфинален меч против Реал Сосиедад (1:1, 5:4 на пенали) за пласман на неговата екипа во финалето на „кралскиот куп“ на Шпанија.

Првиот натпревар заврши без голови. За Мајорка ова е прво финале по освојувањето на трофејот во 2003 година, вкупно четврто во клупската историја.

Противник на Мајорка во финалето што ќе се игра на стадинот „Ла Картуха“ во Севилја на 6 април, ќе и биде подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид.

Реванш мечот се игра утре во Билбао. Атлетик има предност од првиот натпревар во Мадрид што го доби со 1:0.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО