Во фоајето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, вечерва од 18 часот ќе се одржи промоцијата на книгата “Кхан Тенгри- Во Глечерска Стапица” на истакнатиот македонски високогорец, планинар и алпинист, Здравко Дејановиќ.
Промоцијата на книгата ќе ја отвори д-р. Билјана Огненовска. Во таа книга е раскажано личното искуство на Дејановиќ при искачувањето на врвот Кхан Тенгри, висок 7.439 метри, на планината Тиан Шан на тромеѓето Кина-Киргистан-Казахстан во Азија.
Ова е четврта книга на Дејановиќ, по „Како го искачив К2“, „Анапурна, агонија и молитва“ и „Монт Еверест – ѕвонарот на височините“.