Луваву е нов кошаркар на Реал Мадрид

Францускиот кошаркар Тимоти Луваву-Кабаро потпиша за Реал, соопшти шпанскиот клуб.

Како што беше објавено, досегашниот играч на Басконија потпиша договор со раководството на Реал до јуни 2028 година.

Луваву минатата сезона имаше просек од 18,3 поени, 3,4 скока и 1,9 асистенции за 25 минути игра по натпревар.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО