Во „луд“ натпревар од 34. коло во Ла лига, Барселона загуби од Џирона со 2:4 во каталонското дерби и со тоа на четири кола пред крајот му ја предаде титулата на Реал Мадрид, кој претходно на домашен терен го победи Кадиз со 3:0.
Реал ја обезбеди 36-та шампионска титула во Шпанија бидејќи сега има 13 бодови предност пред Џирона и 14 бодови пред Барселона. Џирона ја прескокна Барселона на второто место и им приреди големо славје на навивачите на Реал.
За Хрватот, Лука Модриќ (38), кој одигра одлично во победата на Реал, тоа е четврта шампионска титула во Шпанија со „кралскиот клуб“. Претходно тој ги освои титулите во сезоните 2016/17, 2019/20 и 2021/22-та.
Модриќ во првото полувреме доби громогласни овации од преполниот „Сантијаго Бернабеу“. Навивачите на Реал го извикуваа неговото име, а тој им се заблагодари со аплауз.
Модриќ стана најстариот играч на Реал во Ла лига, со 38 години и 238 дена и го претекна легендарниот Ференц Пушкаш, досегашниот рекордер со 38 години и 233 дена.
„Марка“ во оваа пригода го почести Модриќ со одлична монтажа, нарекувајќи го „ЛуКинг“. Неговиот портрет е окружен со 25-те трофеи што ги освои како играч на Реал, со круна на главата. Оваа монтажа стана вирална и масовно се споделува на социјалните мрежи.
👑 Bienvenidos al museo del Rey @lukamodric10 pic.twitter.com/OzJuicqoNb
— MARCA (@marca) May 4, 2024