Ипсвич за две сезони од третата стигна до Премиер лигата!

Фудбалерите на Ипсвич се враќаат во Премиер лигата по 22-годишно отсуство, обезбедувајќи го второто место во Чемпионшип со победата на домашен терен против Хадерсфилд во саботата, 2:0.

Тимот предводен од младиот стручњак, Киран МекКена за две години од третата успеа стигне до првата, најквалитетна Премиер лига! Лани Ипсвич како втор во третата лига избори пласман во Втората лига (Чемпионшип), а сезонава избори пласман во елитата.

Сезонава Ипсвич победи на 28 од 46-те првенствени натпревари, губејќи само шест, освојувајќи 96 бода во 46 кола. Последен клуб што успеал да стигне од третата до Првата лига за две сезони е Саутемптон, во 2012 година.

Претходно во елитата како првак се врати Лестер. Лидс, Саутемптон, Вест Бромвич Албион и Норич ќе играат во квалификациите за последното, трето место што води во Премиер лигата следната сезона.

Во полуфиналето ќе се сретнат Лидс – Норич и Саутемптон – ВБА, а предност од реваншот на домашен терен ќе имаат Лидс и Саутемптон. Победниците од полуфиналето ќе се сретнат на „Вембли“ во плеј-оф финалето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО