Лука Готи е новиот тренер на Лече

Лука Готи е именуван за нов тренер на Лече, два дена откако Роберто Д’Аверса беше отпуштен затоа што удри со глава противнички играч по неделниот пораз (0:1) на домашен терен од Верона!

Готи беше помошник на Маурицио Сари во Челси во 2018/19-та, а до неодамна беше главен тренер во Удинезе и во Специја.

Лече соопшти дека Готи има договор до крајот на сезоната кој ќе биде продолжен доколку клубот се спаси од испаѓање во Серија А.

Лече моментално е на 16-та позиција со 25 бода, само еден над зоната за испаѓање, по импресивниот почеток на сезоната кога беше непоразен по првите пет натпревари.

Дебито на Готи на клупата на Лече ќе биде в сабота, на мечот против последнопласираната Салернитана која има само 14 бода.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО