Лука Божиќ е избран за МВП во АБА лигата

Кошаркарот на Задар, Лука Божиќ официјално е прогласен за МВП на актуелната сезона во регионалната АБА лига.

Хрватскиот играч одигра одлично во текот на целата сезона и заслужено стигна до признанието, кое го освои и претходната сезона.

Првпат трофејот за МВП кошаркарот го носи името Дејан Милојевиќ, во чест на неодамна починатиот српски кошаркарски стручњак, кого смртта го затекна како член на стручниот штаб на Голден Стејт Вориорс.

Божиќ сезонава има просек од 20,6 поени, 8 скокови и 6,2 асистенции по натпревар.Во гласањето на тренерите, новинарите и фановите, Божиќ добил 82,6 проценти од гласовите и убедливо го освоил првото место пред Кенан Камењаш од Будуќност и Зак Ледеј од Партизан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО