Трагична вест за атлетиката: Во сообраќајна несреќа загина светскиот рекордер во маратон, Киптум

Лоша вест за љубителите на атлетиката. Во сообраќајна несреќа во неделата загина светскиот рекордер во маратон, Кениецот Келвин Киптум.

Заедно со 24-годишниот Киптум загина и неговиот тренер Жервејс Хакизиман од Руанда. Веста напрвин беше објавена на социјалните мрежи по информациите од командантот на сообраќајната база Денис Муга, по што беше потврдена и од семејството на Киптум.

– Ужасно! Кенија изгуби посебен скапоцен камен. Немам зборови, изјави министерот за спорт на Кенија, Абабу Намвамба.

Во октомври минатата година, Киптум постави светски рекорд на маратонот во Чикаго истрчувајќи ја делницата од 42,19 км за 2:00:35 часа. Тоа време беше подобро за 34 секунди од претходниот рекорд на друг Кениец, Елиуд Кипчоге, поставен во Берлин во 2022 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО