Ливерпул со научни и аналитички методи ќе го бира новиот менаџер

Ливерпул новиот менаџер, замената на Јирген Клоп, ќе го бира со научни методи. Газдите на клубот, Фенвеј спорт групацијата (ФСГ) секогаш започнуваат со базата на податоците.

Откако го купија клубот во 2010 година, американските сопственици имплементираа аналитички модел за многу аспекти на бизнисот, особено во трансфер политиката според моделот што го воведе нивниот бејзбол тим Бостон Ред Сокс.

Чаби Алонсо од Баер Леверкузен, поранешен играч од средниот ред на „црвените“, е прв на листата кандидати кај букмејкерите, а по него се Роберто Де Зерби од Брајтон и Рубен Аморим од Спортинг итн.

– Начинот на кој работиме како фудбалски клуб е да се осигураме дека ги разгледавме сите информации, сите податоци, оти сме го направиле соодветното испитување по што ќе донесеме одлука, рече извршниот директор, Били Хоган.

Во тимот што ќе го бира новиот менаџер влучени се неколкумина кои би требало да ја донесат конечната и вистинска одлука.

Вил Спирман, дипломиран доктор на Харвард по физика на честички, минатата година беше назначен за наследник на заминувачкиот директор за истражување Иан Гордон, клучна фигура во одделот за податоци во Ливерпул од 2012 година.

Тој ќе биде вклучен во идентификувањето на клучните области кои не се секогаш видливи за случајните набљудувачи, а се однесуваат на стилот и на перформансите на менаџерот.

Мајк Гордон, претседател на ФСГ, е главниот „фудбалски човек“ на групацијата и човекот кој е трансатлантскиот мост меѓу двете страни. Тој ја предводеше идентификацијата и потерата по Клоп откако Брендан Роџерс беше отпуштен. Сега повторно ќе ја превземе таа улога.

Тео Епштајн, поранешниот претседател на бејзбол операциите на Чикаго кабс и поранешен генерален менаџер на Ред Сокс, најверојатно ќе биде вклучен во консултациите, како и Хоган, но во помал степен.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО