Дефанзивецот на Ливерпул, Конор Бредли, ќе отсуствува три недели од терените поради повредата на зглобот што ја заработи на мечот против Кристал Палас. Јирген Клоп ќе биде без десниот бек за реваншот од четвртфиналето на Ливерпул во Лигата на Европа против Аталанта и најмалку три натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи го и градското дерби со Евертон.
Бредли би можел да биде во трка со времето за да биде подготвен за гостувањето на Тотенхем на „Енфилд“ на 5 мај, што е потенцијално претпоследниот домашен натпревар за Клоп. Неговото отсуство може да значи дека Трент Александер-Арнолд ќе се врати во стартниот тим во Италија во четврток, кога Ливерпул ќе се соочи со негатива од 3-0 по победата на Аталанта на Енфилд.