Ливерпул има замена за ТАА, му нудат осум пати поголема плата

Челниците на Ливерпул не се премногу загрижени од можното заминување на Трент Александер-Арнолд (ТАА). Десниот бек изминатите месеци се поврзува со Реал Мадрид, каде би се прселил како слободен играч.

Ливерпул има вистинска замена за ТАА, во 21-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, Конор Бредли. Клубот веќе му понудил нов, финансики подобра договор.

Минатата сезона кај Јирген Клоп, Бредли одигра 23 натпревари, а оваа кај Арне Слот настапи на 22 натпревари. Особено се истакна против Реал Мадрид кога во целост го запре Килијан Мбапе, а Ливерпул победи со 2:0.

Бредли ја мина младинската школа на Ливерпул, а сезоната 2022/23 беше на позајмица во Болтон. Пред 15 месеци потпиша договор со важност до јуни 2027 година. Со тој договор тој заработува скромни 630.000 евра годишно.

Сега Ливерпул му нуди продолжување на договорот до јуни 2030 година и многу поголема плата, поточно 4.700.000 евра по сезона, пренесуваат британските медиуми.

Покрај Александер-Арнолд, во јуни оваа година истекуваат и договорите на напаѓачот Мохамед Салах и дефанзивецот Вирџил ван Дијк. Ливерпул се надева дека ќе успее да ги убеди Салах и Ван Дијк да ја продолжат соработката.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ




НАЈНОВО