Ливерпул работи на обезбедување на потписот на еден од најдобрите фудбалери на Аталанта, финалистот во Лига Европа (ЛЕ), Холанѓанецот Теун Копмајнерс.
„Црвените“ во обидот за освежување на тимот со доаѓањето на новиот тренер, Арне Слот, сакаат да го ангажираат фудбалерот на италијанскиот калчолигаш, за кого Аталанта бара 60 милиони фунти. За Копмајнерс се интересира и Јувентус, но тие не можат да си дозволат да наддаваат со клубови од Премиер лигата.