Француски Лион е на добар пат да доведе двајца бразилски фудбалери од тимот на Ботафого, пренесува „Глобо“.
Тоа се голманот Лукас Пери и дефанзивецот Адриелсон. Двајцата Бразилци во придружба на нивните агенти Итало Дуарте и Едуардо Корначини веќе се качија во авионот и се на пат за Франција. Трансферот нема да биде тежок, бидејќи Американецот Џон Текстер е сопственик на двата клуба. Се очекува Лион да плати околу 20 милиони евра за двајцата играчи, вклучувајќи ги и бонусите.
Францускиот тим продолжи со тренинзите во недела, за да биде подготвен за првиот натпревар од Купот против аматерите Понтарлие на 7 јануари.
Продолжението на Лига 1 е закажано за 14 јануари кога екипата на Лион гостува кај Авра. Избраниците на тренерот Пјер Сеж ја напуштија зоната за испаѓање со три последователни победи на крајот на 2023 година – против Тулуз (3:0), Монако (1:0) и Нант (1:0).