Лион ќе покрива половина од платата на Ендрик

Лион продолжува со преговорите со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот Ендрик.

Според „ESPN Brasil“, францускиот клуб ќе покрие 50 проценти од платата на 19-годишниот Бразилец – 200.000 евра. Реал Мадрид ќе продолжи да го плаќа остатокот.

Оваа сезона, Ендрик одигра 11 минути во победата од 4:0 над Валенсија во 11. коло од шпанското фудбалско првенство. Неговиот тековен договор е до 2030 година.

Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 35 милиони евра.

Фото: ЕПА

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО